Раул го обелодени тимот: Против Словенија без Ојлески, Даскалоски и Велко Маркоски

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез ги одреди 16-те ракометари кои ќе ги пријави за утрешниот натпревар против Словенија во првото коло од Б групата на Европското првенство во Хрватска

Шпанскиот стручњак се одлучи да ги изостави од поширокиот список на големиот собир Златко Даскалоски, Велко Маркоски, Гоце Ојлески. Така ќе бидат пријавени двајца голмани, Ристовски и Митревски, а дефанзивен шеф ќе биде Јоновски. Младите Поповски и Велковски исто така ќе ги чекаат првите минути на Европското првенство. Повредата е минато за Немања Прибак, кој е спремен за дуелот со Словенците. 

Колегата на Раул, Веселин Вујовиќ се одлучи да им даде шанса на 16-те ракометари кои ги поведе во Загреб за групната фаза на Европското првенство. Утре двете селекции ќе тренираат во утринскиот термин, а натпреварот е закажан за 19.30 часот.