Ракометарите пристигнаа во Мец, првиот тренинг од 16.30 часот

Македонската ракометна репрезентација пристигна во Мец каде ќе ги игра натпреварите од Светското првенство (СП) кое почнува за два дена.

Црвено-жолтите по повеќе од 12-часовен пат пристигнаа во францускиот град, а патот минал во најдобар ред. Ракометарите се сместени во хотелот „Golden Tulip Amnéville“, а првиот официјален тренинг ќе го имаат денес од 16.30 часот.

Македонија првиот натпревар на СП го игра на 12 јануари, а противник е репрезентацијата на Тунис (17.45 часот).