Ракчевиќ: Македонија, Германија и Словенија се силни, но ние сонуваме за успех!

Репрезентацијата на Црна Гора ќе биде еден од противниците на Македонија во првата фаза на Европското првенство (ЕП) кое во 2018 година ќе се игра во Хрватска. Црногорците се оптимисти за нивниот настап на европскиот ракометен собир, а тоа го потврдува Младен Ракчевиќ.

Поранешниот пивот на Вардар и Металург вели дека групата во која ќе играат црногорците е навистина силна, но верува во своите соиграчи и се надева дека тимот ќе успее да направи успех на натпреварите во Загреб.

„Групата е силна, ривалите се силни. Нема лесни противници на ЕП. Но имаше силна конкуренција и во квалификациите. Верувам во оваа екипа, имаме четири - пет феноменални играчи и одличен тим. Сигурен сум дека и тие размислуваат на ист начин. Сакам да имаме ракометари во тимот кои веруваат и кои сонуваат за добар резултат, затоа што соништата може да станат реалност ако се посветиш максимално на зацртаното“, вели Ракчевиќ.

Црна Гора ќе го отвори Европското првенство со дуел против Германија (13 јануари), а дуелот со Македонија го игра во рамки на 2. коло од групата „Ц“ на 15 јануари.