ВИДЕО: Прва атракција на СП - Омејер во стативата, брзоногиот Абало ја поправи „грешката“

Омејер

Репрезентациите на Франција и Бразил го отворија 25. Светски ракометен шампионат. Домаќинот одлично го започна мечот и ја презеде иницијативата, најмногу по заслуга на ветеранот на голот, Тјери Омејер.

Искусниот 40-годишен француски голман е првото име во редовите на „триколорите“, а покрај одбраните, тој се погрижи за атракција на стартот на натпреварот. Најпрво ја одзеде загубената топка на Бразилците и шутираше во празниот гол, но ја погоди само стативата. Но, на вистинското место беше Лук Абало, кој ја собра одбиената топка и ја смести во небранетиот гол.