Прибак и Бешикташ го освоија Суперкупот на Турција

Поранешниот македонскиот репрезентативец Немања Прибак го освои Суперкупот на Турција и ја продолжи жетвата на трофеи во турскиот ракомет. Тој со Бешикташ дојде до првиот трофеј во новата сезона со победата против Бејкоз со 28-26 (12-14).

Десното крило Фарук Вражалиќ е човекот кој со пет гола во клучната фаза го реши прашањето на победникот. Прибак натпреварот го заврши со два гола крај своето име.

Бешикташ минатото лето го освои шампионатот и Купот на Труција, а ова лето гостуваше на турнирот во Струга, каде беше второпласиран по поразот од Шатр во финалниот натпревар.