Претседателот на Нант: Кире е ефикасен стрелец и голем ракометар!

Првиот човек на Нант, Гаел Пелетје со денови говореше за ентузијазмот, кој кај него постои по потпишувањето на договорот со Кирил Лазаров. По официализацијата тој беше одушевен што Нант веќе може да купува големи ракометни имиња.

„По потписот на играчи со интернационална кариера како Клајн, Гурбиндо и Ниокас, сега потпишавме со Кирил Лазаров, кој е меѓу најдобрите ракометари на својата позиција во светот. Не можам да го опишам поинаку освен како ефикасен стрелец и голем ракометар. Ова засилување покажува дека Нант сака да напредува и да се издигне и на европска сцена“, рече претседателот. 

Целта на клубот е сега да се избори за место во Лигата на шампионите и од следната сезона таму да биде постојан учесник секоја година.