

Наместо планираните два тренинзи, денес македонските ракометари тренираа само во претпладневниот термин. Од 11.00 часот изутрина Раул работеше еден час со нашите ракометари во „Арена“, а попладневниот тренинг предвиден во 18.30 часот во „Дом спортова“ е одложен.
Шпанскиот тренер им даде поштеда на ракометарите попладнево, а наместо тренинг сесија, Лазаров и другарите ќе ја скаутираат Словенија на еден од последните тестови на селекцијата на Вујовиќ пред големиот собир. Словенците ќе тренираат вечерва од 20.00 часот во „Арена“, а нашите момци утре изутрина во „Арена“ ќе го имаат последниот полесен тренинг пред дебито.
Македонските ракометари, како и останатите три селекции од групата Б, се сместени во хотелот „Панорама“ во центарот на Загреб.