Омејер го продолжи договорот со ПСЖ, ќе брани и во петтата деценија

Еден од најдобрите ракометни голмани во историјата, Тјери Омејер потпиша нов договор со ракометниот гигант кој ќе важи до 2019 година како чувар на мрежата, а веднаш потоа ќе се приклучи во стручниот штаб заедно со Раул и Хота Гонзалез.

Омејер веќе четири сезони настапува за „светците“, откако се врати од Кил и кога ќе го заврши договорот ќе има 41 година. Винсент Жерар од Монпелје од следната сезона ќе биде колега на Омејер на голот на ПСЖ, а потоа ќе го наследи меѓу стативите.  

ПСЖ од следната сезона ќе биде посилен за Виран Морос, Нилсен и Тофт Хансен, кои веќе ја договорија соработката со францускиот првак.