Охрид двапати ќе гостува во ЕХФ Купот против Порто?

Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, Охрид доби понуда од португалскиот претставник Порто двата натпревари да се играат во Португалија, па иако е неодлучено, неофицијалните информации од Охрид велат дека нашиот претставник ќе прифати и двата натпревари ќе ги игра во гости.  

На почетокот од овој месец Охрид двапати играше на домашен терен против Волендам и со едно реми и една минимална победа, успеа првпат да мине едно коло во европските купови.

Доколку прифати двапати да гостува против португалскиот вицешампион, Охрид ќе има само теоретски шанси за пласман во третото коло на најмасовниот европски Куп.