Охрид доби покана за учество на ракометниот турнир во Струга

Ракометниот колектив на Охрид уште еднаш докажа дека е клуб со големи амбиции и од година во година забележува сè подобри резултати. Оваа сезона заврши на првата позиција во регуларниот дел од Суперлигата, а се наоѓа на чекор и до пласман на завршницата во Купот на Македонија.

Овие успеси на охриѓани како да ги натера челните лица на Меѓународниот ракометен турнир во Струга да ги поканат на претстојниот турнир, кој од 12 до 15 август по 45. пат ќе се одржи на игралиштето „Женска плажа“. 

Бранител на трофејот во Струга е францускиот клуб Шатр, кој во финалето минатата година после изведувањето на пеналите го совлада Металург. На ланското издание покрај Металург македонските преставници беа и Еурофарм Работник и Пелистер.