Одреден терминот на градското дерби помеѓу Вардар и Металург во СЕХА лигата

Ждрепката посака во првото коло од регионалната СЕХА лига да се сретнат двата македонски претставници, Вардар и Металург.

На 2 август со почеток од 17.45 часот, ракометарите предводени од Лино Червар ќе го пречекаат минатогодишниот шампион во СЦ „Борис Трајковски“. Судиско дуо на натпреварот ќе биде Николиќ - Стојковиќ од Србија.

Вардарци влегуваат како големи фаворити на мечот, но минатата година, младите ракометари на Металург покажаа дека знаат да се носат со скапите ѕвезди на Раул Гонзалез.