Oдработен првиот тренинг, ракометарите се адаптираат во Мец

Ракометната селекција на Македонија откако пристигна во Мец каде ќе ги игра натпреварите од Светското првенство (СП) кое почнува за два дена, во овие моменти го одржува првиот тренинг.

Со оглед на долгиот пат од околу 12.00 часoт, денес селекторот Лино Червар на своите избраници ќе им сервира полесен сет на тренинг, кој пред сè ќе има за цел да послужи како адаптација.

„Црвено-жолтите“ ќе тренираат во помала сала, додека во големата сала „Арена де Мец“ теренот ќе го почувствуваат дури утре.