Нов удар за Србите: Заврши ЕП за Марко Вујин

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Европското првенство во Хрватска лошо започна за селекцијата на Србија. Нашиот северен сосед по синоќешниот убедлив пораз од Хрватска (32-22), остана без својот прв десен бек, откако овој континентален собир е завршен за Марко Вујин. 

Оваа информација денес ја потврди селекторот на Србија, Јовица Цветковиќ. 

„По Стефан Вујиќ, кој се повреди на припремите, со незгодна повреда на коленото се здоби и Марко Вујин. Токму заради оваа повреда тој синоќа играше многу малку против Хрватска, но сега одлучивме да не ризикуваме и Европското првенство за него е завршено“, истакна Цветковиќ. 

Србија утре го игра својот втор меч од групата фаза, а противник ќе ѝ биде Шведска, која вчера исто така беше поразена од Исланд. Мечот се игра во „Спаладиум арената“ во Сплит со почеток од 18.15 часот.