Ненадиќ: Резултатот не е, ама нашата игра е трагедија!

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Иако најавуваа подвиг, српските ракометари парираа само едно полувреме против моќниот хрватски тим на Лино Червар. Поразот од 32-22 остави траги врз српските ракометари, а добра терапија се само победи против наредните ривали во сплитската група. 

„Среќа во несреќа е што ќе го преболиме овој пораз мнгу полесно, бидејќи да се загуби со десет разлика е полесно, отколку минимален пораз од еден разлика. Резултатот не е трагедија, но нашата игра дефинитивно е. Би било идеално да го избришеме овој натпревар од меморијата уште вечерва и да се концентираме на Шведска. Игравме само 20-тина минути, подоцна се одлепија и поразот беше катастрофален. Загубивме катастрофално, но тоа не значи дека не можеме да ги победиме следните два натпревари“, вели најдобриот српски ракометар.

Нашиот северен сосед одамна не успеал да ја мине првата фаза на едно Европско првенство, а за такво нешто во Сплит потребна е најмалку една победа против скандинавските ривали во деновите кои следуваат.