ФОТО: Нема БЈРМ на автобусот - ракометарите признаваат само МАКЕДОНИЈА!

Gol.mk на светско првенство во ракомет

Иако нашата земја во инстанците на ИХФ е примена под името БЈР Македонија, на официјалниот автобус на нашата селекција пишува само Македонија.

По реакцијата од нашиот табор од вчера автобусот кој ги вози ракометарите до тренинг и натпревар во салата и назад до хотелот, кој е 15 километри надвор од градот, пишува само МАКЕДОНИЈА.

На официјалните паноа, графиката на шампионатот и официјалната веб страница секаде се водиме како БЈРМ Македонија.