Наследник или конкуренција на Лазаров? Јуре Доленец потпиша за Барселона!

Словенечкиот ракометар Јуре Доленец официјално е нов ракометар на шпанскиот ракометен гигант Барселона.

Доленец, кој настапува на иста позиција како нашиот капитен Кире Лазаров, во редовите на Барселона доаѓа од француски Монпелје, а на клубот ќе му се приклучи по завршувањето на оваа сезона. Договорот меѓу Доленец и Барселона ќе важи до 2022 година. 

Десниот бек е прв словенечки ракометар по Лука Жвижеј (2006-2007) кој ќе настапува во дресот на каталонскиот клуб.

Нашиот Кирил Лазаров има договор со Барселона до крајот на сезоната, но постојат индиции дека двете страни повторно ќе се сретнат за можноста да потпишат нов договор.