Најлошото можно сценарио за Червар: Заврши Европското првенство за Дувњак

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Средниот бек на Кил и на хрватската репрезентација, Домагој Дувњак заради повреда на листот од десната нога, здобиена вчера во Сплит против Србија, нема да настапи до крајот на Европското првенство во Хрватска.

По магнетната резонанца се потврдија стравувањата на хрватската јавност и Дувњак мора да мирува неколку недели и нема да игра и во случај Хрватска да се најде во завршните натпревари на 28 јануари. 

Селекторот Червар остана без еден од своите најсикусни ракометари, а вардарците Циндриќ и Карачиќ ќе треба да го заменат во преостанатите седум натпревари на патот до единственото злато кое „каубојите“ не го освоиле.