Мукаетов: Коцките да ни се наместат и заедно да славиме нов успех на ЕП!

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов, со големо нетрпение ги чека настапите на репрезентацијата на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во Загреб. 

Првиот човек на мак-ракометот повторно ќе биде на трибините, на своето препознатливо место меѓу навивачите, а вели дека очекувањата се најмалку да се мине првиот круг, а потоа, да се обидеме да направиме еден поголем резултат за нашиот ракомет.

„Мислам дека треба најпосле оваа комбинација на младост и искуство да дојде до израз. Првиот круг апсолутно според квалитетот треба да го поминеме. Публиката е со нас, имаме одлична атмосфера, посветени сме и фокусирани, имаме одлични играчи и тренер, ако сите тие коцки се наместат како што треба, јас се надевам дека може да играме и далеку подобро на ова ЕП“, вели Мукаетов.

Во Загреб сигурно нема да недостасува и поддршката за „црвено-жолтите“ на Гонзалез. Според зборовите на претседателот, се очекува да пристигнат околу 2.000 навивачи, кои треба да се осмиот играч на нашиот национален тим.

„Нашата проценка е дека ќе имаме околу 2.000 навивачи. Посакувам сите заедно да бидеме сплотени, да навиваме заедно за Македонија и заедно, како едно, со играчите и стручниот штаб да се обидеме да направиме резултат кој ќе не направи горди во Загреб“, ззврши првиот човек на РФМ.

Македонија на европскиот ракометен собир е во група со Германија, Словенија и Црна Гора, а првиот натпревар се игра на 13 јануари од 19.30 часот против Словенците. На последното ЕП во Франција, нашата репрезентација заврши на 11. место.