Митревски: Можеби е подобро што ќе играме пред повеќе туниски навивачи!

Gol.mk на светско првенство во ракомет

Николче Митревски не настапи во Доха пред две години во нашето мундијалско соочување со Тунис, но затоа застана на голот во април минатата година во Олимписките квалификации. Нашиот најискусен голман по бројот на настапи од тројката која Червар ја поведе во Мец, смета дека има кохезија во тимот и дека можеби тоа што ќе има повеќе Тунижани во салата, не е голем хендикеп за нашата селекција. 

„Во Катар очекувавме тежок меч, а лесно победивме, a во Гдањск беше спротивно, па ние го потценивме податокот што тие играа без неколку поединци и загубивме. Нема многу работи од тунискиот тим со што можат да ги изненадат луѓето од нашиот стручен шатб, па верувам дека сме подготвени. И младите и поискусните сме доволно зрели, младите ракометари на Металург неколку години играат мечеви од Лигата на шампионите и мислам дека имаме добра кохезија во тимот. Можеби е подобро што ќе играме како на гостински терен, така беше во Катар, па ги добивме. Во Полска немаше ниту еден туниски навивач, па лесно победија против нашето слабо издание“, вели голманот на Бенфика. 

Македонската репрезентација со победа го започна Мундијалот во Шпанија пред четири и во Катар пред две години, а со пораз почна во Египет и Хрватска.