Миркуловски останува во Вецлар до јуни 2018 година

Филип Миркуловски договори продолжување за нова една година на неговиот договор, па во тимот на Вецлар ќе остане до јуни 2018 година. Од страна на германскиот бундеслигаш денес и официјално го објавија потпишувањето на новиот договор.

„Во Вецлар одлично се вклопивме со моето семејство, а за мене е голема честа да го носам дресот на тим како што е овој. Имаме одлична атмосфера во тимот, што е многу важно за успех. Овде во Вецлар се создава голем проект и за мене е голема чест што сум дел од тоа".

Нашиот репрезентативец во тимот на Вецлар се пресели во 2015 година, од тимот на Хановер, каде настапуваше една полусезона. Претходно цели 12 години го носеше дресот на Металург. Филип Миркуловски се врати во нашата репрезентација на СП во Франција, откако претходно по неуспехот на квалификациите за Олимписките игри во Рио се повлече од неа.