Металург се врати од Хрватска, Червар одработи два тренинзи

По десетдневните подготовки во хрватскиот Пореч, ракометарите на Металург од денес повторно тренираат во салата Автокоманда, во своите два редовни термини, наутро и попладне.

Ракометари и стручниот штаб се задоволни од сработеното во Пореч, каде тренираа напорно и каде одиграа и една пријателска средба во која ја совладаа екипата на Пореч, со резултат 36-29 (16-15).

Денешниот тренинг го водеше Лино Червар, чија што иднина изгледа извесно и веројатно Хрватот ќе го води нашиот вицешампион до крајот на сезоната. Потоа целосно ќе ја преземе хрв хрватската репрезентација во подготовките за Европското првенство во јануари следната година.