Целје преголем залак за пулените на Јовиќ, нов СЕХА-пораз за Металург

Металург

Македонски Металург им се врати на поразите во СЕХА лигата, откако денес во рамки на 9. коло загуби на гости кај Целје Пивоварна Лашко (34-25). 

Маргуч беше првото име на домаќините во почетните минути од мечот, постигнувајќи три гола за предност од 5-2. Одговор стигна од Јагањац кој со своја серија намали на 6-5 и ја врати неизвесноста во првата половина од полувремето.

Но, голманот Томовси немаше свој ден и тешко се справуваше со нападите на Словенците, кои предводени од Кодрин одново се одлепија на +4 (12-8) во 20. минута. Металург анулира само еден гол пред паузата, па Целје замина на одмор со позитива од 15-12.

Македонскиот вицепрвак започна одлично во вториот дел и направи серија од 0-3. Но, тоа беше се што направи за да ја врати неизвесноста на овој меч. Словенечкиот напад одново започна да доминира, па предноста порасна на највисоки 24-18 во 48. минута.

Темпото на игра падна како што се ближеше крајот, а тоа не донесе ништо добро за македонската екипа. Целје на рутина стигна до петтиот сезонски триумф (34-25), а избраниците на Александар Јовиќ продолжија со лошите резултати во регионалната лига.

Стрелци за Целје: Кодрин 10, Грошељ 6, Маргуч 4, Разгор 3, Мачковчек 2, Јуречиќ 2, Бечири 1, Млакар 1, Душебаев 1, Аниќ 1, Макуц 1, Малуш 1, Лесјак 1

Стрелци за Металург: Јагањац 8, Пешевски 7, Петров 4, Токиќ 2, Кузмановски 2, Танковски 1, Серафимов 1