Марковиќ: Против Македонија имаме најреални шанси за победа!

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Игор Марковиќ, еден од најискусните ракометари на Драган Ѓукиќ, е свесен дека селекцијата на Црна Гора е апсолутен аутсајдер на утрешниот меч со Германија, во рамки од првото коло на групната фаза на Европското првенство во Хрватска. 

Сепак, 36-годишното крило смета дека на Црна Гора мора да се фокусира за мечот со нашата селекција, велејќи дека против Македонија шансите се најреални за победа. 

„Долго време се подготвуваме за мечот со Германија, но свесни сме дека шансите против европскиот шампион ни се минимални. На овој дуел треба да одиграме смело и да ја подигнеме самодовербата за натпреварот со Македонија, кој за нас е најважен. Словенија не е онаа истата како од последниот Мундијал, но сите знаеме како играат екипите на Веселин Вујувиќ, па затоа нашата најреална шанса е против Македонија“, вели левото крило на Комло. 

Мечот меѓу Македонија и Црна Гора на програмата е на 15 јануари со почеток од 20.30 часот. Во првото коло Македонија ќе се судри со Словенија, додека Црна Гора ќе ѝ се спротистави на Германија.