Македонија е меѓу првите селекции кои „слетаа“ во Франција

Ракометната репрезентација на Македонија се наоѓа меѓу првите селекции кои пристигнаа во Франција каде ќе се игра Светското ракометно првенство.

Жолто-црвените се третата ракометна селекција која пристигна во земјата-домаќин на ракометниот Мундијал. Покрај Македонија, која е сместена во Мец, на официјалната интернет-страница на натпреварувањето стои дека во Франција се уште Аргентина, која пристигнала прва, како и селекцијата на Исланд. Останатите се очекуваат да пристигнат вечерва и во текот на утрешниот ден.

Македонија се наоѓа во група со Шпанија, Исланд, Словенија, Тунис и Ангола, а првиот меч го играме на 12 јануари против Тунижаните (17.45 часот).