Лазаров со пет гола го сруши Берлин, утре финале на „Шпаркасе Купот“ против Веспрем

Ракометарите на Нант, каде што од оваа сезона настапува Кирил Лазаров обезбедија финале на „Шпаркасе Купот“ и утре за титулата ќе се борат со екипата на Веспрем, екипата во чии редови оваа сезона настапува Дејан Манасков.

Францускиот вицешампион, кој минатата сезона го освои Купот, стигна до две победи против Штутгарт и Фуксе Берлин, потврдувајќи дека екипата е во одлична форма неколку недели по почетокот на подготовки.

Вечерва Нант извојува победа против Фуксе Берлин со 34-28, а Ниокас со 8 постигнати гола беше најефикасен поединец на натпреварот. Лазаров исто така беше на висината на задачата и со 5 гола беше меѓу најистакнатите поединци на натреварот. 

Веспрем се избори за место во финалето и покрај ремито со ППД Загреб (28-28).