Лазаров постигна пет гола, Нант лесно победи на теренот на Маси

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров со победа дебитираше во дресот на Нант во француското првенство, откако само десет дена по победата на „Трофеј на шампионите“, неговиот нов клуб славеше на гостувањето кај Маси со 22-28 (8-12).

Во текот на целиот натпревар екипата на Нант имаше предност и во ниту еден момент не го доведе триумфот во прашање. Лазаров постигна пет гола (најмногу во тимот на Нант) и максимално го искористи просторот и времето кое му даде тренерот Тјери Анти.

Најефикасни поединци во тимот на Нант беа Белегер со 5 и Клер и Фалувеги со по 4 гола, а кај Маси се истакна Жереми Пирани со 5 гола. Арно Сифер на голот на Нант доби шанса место Думулин и натпреварот го заврши со 14 интервенции.