Лазаров е одговорот за Скок, храбрата Македонија со егал на полувреме

Македонија насловна слика
Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Првото полувреме од дебито на Македонија на Европското првенство (ЕП) помина со променлива игра, која сепак ни овозможи да стигнеме до егал (11-11). Играта во офанзива не беше на посакуваното ниво, што за нијанса беше надополнето со одбранбените реакции кои сепак не ни донесоа пресврт пред паузата.

Натпреварот започна одлично за нас, бидејќи го неутрализиравме првиот напад на Словенија, но тоа беше проследено со првото промашување на Филип Миркуловски на спротивната страна. Премиерниот гол на мечот го постигна Гаспер Маргуч од контра напад, а Кирил Лазаров возврати со два гола од пенал за први погодоци на Македонија на шампионатот.

Цингесар и Жабиќ заработија две брзи исклучувања, кои не беа искористени од нашата репрезентација. На два последователни напади на Дејан Манасков фантастично реагираше словенечкиот голман Матевж Скок, кој дополнително ги разгори своите навивачи на трибините.

Цели 13 минути избраниците на Раул Гонзалез немаа гол од игра. Истиот пристигна по акцијата на Лазаров и Стоилов, кој од линијата за шест метри конечно го совлада расположениот Скок за да намали на 3-6. Феноменалниот Скок ја одржуваше предноста на Словенија од +2, а одговор за него немаа ниту Прибак, ниту Георгиевски кои се надоврзаа на промашувањата на македонскиот тим.

По неколку минути пауза, Филип Лазаров ја прекина серијата на противничкиот чувар на мрежата и донесе нов гол за Македонија. Полувреме го дочекавме со првенецот на Филип Талески во последната секунда од периодот и изборено реми по воведните 30 минути на Европското првенство во Хрватска.

Херој на нашата репрезентација беше Никола Митревски, кој одговори на одбраните на неговиот колега на спротивната страна за да донесе незивесност во продолжението. Посебно се издвои двојната одбрана во последните моменти, кога најпрво го сопре ударот на Кавтичник, а потоа се надоврза со нова бравура против Жабиќ.