Костовски со благодарност за „Комити“: Таква друга група нема кај нас, тие беа нашиот осми играч!

Трифун Костовски, првиот човек на Кометал Ѓорче Петров, во своето обраќање пред јавноста по повод 15 години од европската круна на кометалки, испрати специјален поздрав и до навивачката група „Комити“ која верно ги пратеше настапите на нашиот најтрофеен ракометен клуб.

Костовски во своето обраќање изјави дека „Комити“ не се навивачка група која може да се нарече дека се хулигани, туку напротив - вели дека таква сплотена група нема никаде кај нас и дека токму тие биле едни од заслужните за успехот на Кометал ЃП и ракометната круна во ЛШ во 2002 година.

„За „Комитите“ цело време се зборува како навивачка група која може да направи проблеми. Верувајте, тие нам ни беа осмиот играч на терен. Таква друга сплотена група нема кај нас. Знаат најдобро да ги бранат боите на сопствениот тим и сопствената репрезентација. Не треба со навреди, туку тие знаат најдобро, како треба да се направи атмосфера која ќе биде биде повод сите да се сплотиме за нашата земја“, изјави Костовски.