Киелце донесе мегазасилување за наредната сезона, потпиша со Блаж Јанц!

Полскиот шампион Киелце донесе големо засилување во своите редови за наредната сезона, откако потпиша договор со словенечкиот репрезентативец Блаж Јанц.

Јанц, кој се смета за еден од најталентираните ракометари во светот, со Киелце потпиша договор кој ќе стапи во важност од јуни, 2017 година. Договорот меѓу двете страни е потпишан на три години.

Во редовите на актуелниот европски првак Јанц доаѓа од словенечки Целје Пивоварна Лашко.