ВИДЕО: Каква двојна одбрана - чудесниот Митревски ја „полуде“ Словенија!

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Репрезентацијата на Македонија се врати во првото полувреме и има нерешено против Словенија (11-11), а тимот во игра го врати Никола Митревски, кој се разбрани и помогна да направиме серија за кам-бек.

Чуварот на мрежата влезе во средината на првиот дел на местото на Борко Ристовски и одигра фантастични 15 минути. Меѓу стативите, тој забележа седум интервенции, а најдобра беше онаа во финишот, кога двапати фати шут на противник.

Најдобар стрелец во Македонија, пак, е Кире Лазаров со пет гола, а го следи Манасков со два постигнати погодока.