ВИДЕО: Како Ристовски и Гонзало го подобруваат рефлексот со помош на тениски топчиња

Борко Ристовски

Голманската позиција во ракометот е исклучително важна, особено доколку една екипа е дел од елитата на Европа. Барселона има големи ракометни имиња во својот ростер, а за одбраните меѓу стативите се задолжени нашиот Борко Ристовски и шпанскиот репрезентативец, Гонзало Перез де Варгас.

Каталонците оваа сезона имаат високи аспирации во Лигата на шампионите, каде на врвот се наоѓа македонски Вардар. Доаѓањето на Арон Палмарсон ја прави екипата на Чави Пасквал голем фаворит за освојување на најпосакуваниот трофеј во најелитното европско натпреварување.

Меѓутоа, за да се оствари целта важен дел од етапата се голманите, кои работат напорно од ден на ден за да бидат подготвени за секој следен предизвик.

Погледнете ја рутината на Борко и неговиот колега на голманската позиција, кои со помош на тениски топчиња се обидуваат да го подобрат својот рефлекс на гол-линијата: