Јуниорките тргнуваат во подготовки за СП со 22 ракометарки

Јулијана Дамчевска, селекторот на јуниорската репрезентација на Македонија, го објави поширокиот список за ракометарки за квалификациите за Светското првенство кое во 2018 година ќе се игра во Унгарија.

На списокот има вкупно 22 ракометарки, а интернационалка е само една - Арлинда Динарица, која ги брани боите на Кастриоти од Косово.

Собирот е закажан на 18 февруари со почеток од 8.00 часот во салата „Автокоманда“. Македонија ќе има тешка задача против себе, затоа што во квалификациите се соочува со Германија, Исланд и Литванија.