Јуниорките добија тешка група: На ЕП против Норвешка, Русија и Хрватска

Македонската женска јуниорска репрезентација ги дозна противниците за Европското првенство кое ќе го организира Словенија од 27 мај до 6 јуни. 

Девојките на Борче Марковски се најдоа во групата Б заедно со силните селекции на Норвешка, Русија и Хрватска. Најдобрите две од секоја група ќе играат во четвртфиналето. Титулата од шампионатот кој во 2015 година се одржа во нашата земја ја брани Данска. 

Во квалификациите Македонија загуби од Унгарија, но ги победи Молдавија и Фарските Острови и обезбеди завршен турнир.

Еве како изгледа составот на сите групи:

А група:

Холандија, Романија, Унгарија, Шведска

Б група:

Македонија, Норвешка, Русија, Хрватска

Ц група:

Србија, Германија, Шпанија, Франција

Д група:

Црна Гора, Португалија, Данска, Словенија.