Јагањац: Металург не се однесуваше како на излет, туку се „тепаше“ за секоја топка!

Халил Јагањац повторно беше еден од најдобрите ракометари на Металург на голгетерски план на мечот против Нексе, кој во Нашице заврши без победник (31-31). По мечот, Хрватот истакна дека неговиот тим одиграл борбен натпревар и се „тепал“ за секоја топка.

„Би сакал да им честитам и на моите соиграчи и на Нексе за лавовската борба. Навистина се истрошивме на овој меч, 60 минути се „тепавме“ за секоја топка. Нашето реми е уште послатко затоа што дојдовме во подмладен состав. Кузмановски и Анѓелиќ добија вироза пред заминување ненадејно, тоа силно не погоди, но кажавме дека нема да дојдеме на ова гостување како да сме на излет. Нашата желба беше голема, Бог не награди за борбеноста“, изјави Јагањац.

Токму шутерот на Металург се очекува да биде „оружјето“ на Лино Червар во составот на Хрватска на Европското првенство (ЕП) кое во 2018 година ќе се игра во земјата на „коцкестите“.