ФОТО: „Итар Пејо“ пристигна и во Хрватска да ги бодри ракометарите!

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Македонија ќе има голема поддршка на Европското првенство кое се игра во Хрватска, а меѓу навивачите е и познатиот фан на спортот, „Итар Пејо“ од Битола.

Дарко Јанкуловски, кој е познат по својата облека на натпреварите на Македонија, пристигна и во Хрватска за да ги бодри ракометарите на новото големо натпреварување. Битолчанецот кој беше присутен на ЕП во кошарка во Загреб во 2015 година, 

„Традиционалната македонска носија од мариовскиот крај е она што го носам на мене. Инспириран сум од Шкотланѓаните кои дојдоа во Македонија во 2009 година. Тие секогаш се облечени според нивната традиција, па затоа и јас си реков зошто да не го испромовираме и ние тоа што го имаме. Прв пат вака бев облечен во 2009 година на Европското првенство во ракомет во Вараждин, потоа, бев и во Ниш, па на Европското првенство во кошарка во Загреб, потоа следеше и Франција... а за понатаму вака ќе се облекувам на трибините каде и да одиме“, вели нашиот „Итар Пејо“.

Тој силно верува во успех и посакува заедно со пријателите со кои е во Загреб да се радува на историја за македонскиот ракомет. Под водство на Гонзалез, Македонија се очекува да игра модерен ракомет и да го покаше сиот свој раскошен квалитет пред очите на Европа.

Првиот предизвик ќе биде дуел со Словенија, во загрепска „Арена“ од 19.30 часот. Два дена подоцна е и натпреварот со Црна Гора, за на крај да следи меч против европскиот првак Германија.