Исланд без најдобриот - Палмарсон го пропушта СП!

Репрезентацијата на Исланд, која е противник на Македонија на СП 2017 во Франција, ќе биде без еден од главните ракометари на ракометниот Мундијал.

Арон Палмарсон, најдобриот ракометар на Исланд дефинитивно отпадна од комбинација за настап на СП. Тој во изминатиот период се мачеше со повреда и иако пристигна во Франција, сепак, нема да биде дел од репрезентацијата.

Исланд го отвора СП со главниот фаворит во групата Шпанија, а мечот против Македонија го игра на 19 јануари од 17.45 часот.