ВИДЕО: Хрватската навивачка верзија на „Деспасито“ заразно се врти низ балканскиот етер!

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Хрватска пулсира со Европското првенство во ракомет, а најжестоко е во Сплит, каде своите домашни натпревари ќе ги игра домашната селекција. Официјалната песна на шампионатот сите ја заборавија, а низ хрватските радија се врти нов хит.

Вчера беше промовираната песната „Деспасито“, што е хрватска навивачка верзија на познатиот латино-хит. Групата „Булхит“ на забавен, навивачки и комичен начин го најавува турнирот и дерби дуелот со Србија вечерва во „Спаладиум арената“. 

Задолжително погледнете го видео спотот на новиот хрватски хит: