Гвадалахара застана на патот на Барса, Каталонците по 133 меча конечно не победија

Екипата на Гвадалахара го направи најголемото изненадување во шпанската Асобал лига во последните неколку сезони, откако успеа да одолее на налетите на големата Барселона, за на крај да слави голем бод од дуелот со апсолутниот фаворит.

Овој неуспех за актуелниот шампион во шпанската лига доаѓа по фантастичната серија од дури 133 победи во низа, а вечерва по првите 30 минути се чинеше дека ќе биде продолжена. На полувреме Каталонците имаа водство од +4 (13-17), но во вториот дел тотално потфрлија и му дозволија на домаќинот да се врати во игра и на крај да слави историски бод. 

Нашиот репрезентативец, Борко Ристовски, одигра солиден меч, зад своето име запиша шест одбрани, од кои една од пенал.