Гонзалез: Уморни сме од дуелот со Загреб, но ќе одиме на победа против Динамо Панчево

Македонскиот шампион Вардар е единствената екипа со максимален ефект по првите шест натпревари во регионалната СЕХА лига.

Избраниците на Раул Гонзалез победија на сите мечeви оваа сезона, а утре на домашен терен ќе го пречекаат аутсајдерот Динамо Панчево, меч на кој се очекува нова рутинска победа на вардарци. Шпанскиот стратег очекува нова победа и добра игра од своите ракометари.

„На овој натпревар доаѓаме малку уморни од дуелот со ППД Загреб во Лигата на шампионите пред неколку дена. Не знаеме многу за нашиот противник, иако нашата цел останува иста - да одиграме на посакуваното ниво и да ја одржиме формата без разлика кој е на спротивната страна на теренот. Очекувам добра игра на моите ракометари“ , вели Раул.

Натпреварот од 7. коло од СЕХА лигата се игра утре со почеток од 17.45 часот.