Гонзалез пред дербито со Металург: Ќе биде тешко, иако сме фаворити!

Македонскиот ракометен шампион и бранител на титулата во СЕХА лигата, Вардар, в сабота ќе го одигра својот последен домашен натпревар оваа година во рагионалното натпреварување. 

Противник на момците на Раул Гонзалез ќе биде градскиот ривал Металург, а воочи овој меч шпанскиот стратег истакна дека Вардар е фаворит, но неговите избраници така треба да се однесуваат на терен. 

„Ова е дерби со Металург. Мислам дека ќе биде добар меч, зашто секогаш меѓу овие две екипи има добар натпревар. Ние не знаеме кој ќе игра, Карачиќ и Абутовиќ беа повредени, па ќе го чекаме последниот тренинг. Очекувам интензивен меч како и секогаш. Очекувам публиката да биде во сала. Ние сме фаворит, но треба и така да се однесуваме", вели Гонзалез. 

Капитенот на вардарци, Стојанче Столиов вели дека градското дерби секогаш е меч со посебен карактер и очекува интересен дуел во кој верува дека Вардар ќе ја оправда улогата на фаворит.

„Градско дерби и меч со посебен карактер. Мислам дека ќе биде интересен како и сите досега. Верувам дека ќе ја оправдаме фаворитската улога, и нема да ја разочараме публиката. Мечот ќе има и хуманитарен караткет. Се надевам дека ќе дојдам повеќе навивачи за да му помогнеме на Борче Јовановски“, истакна кружниот напаѓач.

Натпреварот меѓу Вардар и Металург е закажан за в сабота во 20.45 часот во СЦ „Јане Сандански".