ВИДЕО: Голманот Петковски ги подигна гледачите - голманскиот рефлекс не знае за години и килограми

Зоран Петковски по точно две децении застана на голот на Пелистер како во најдобрите денови на неговата кариера.  И денес неговото чувство и рефлекс и покрај годините и килограмите добро го служи.

Погледнете како при резултат 10-6 за Пелистер, Петковски најнапред го одбрани седмерецот на Пепи Манасков, а потоа го прочита и Николовски по одбиената топка.