Ѓукиќ: Германците играа како европски прваци, шанса ќе бараме против Македонија и Словенија

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Селекторот на Црна Гора, Драган Ѓукиќ го призна поразот против бранителот на европскиот трон Германија во првото коло од групата Ц на Европското првенство (ЕП) во Хрватска.

Тој го пофали противникот и најави потрага по бодови на дуелите против Македонија и Словенија.

„Германците играа како европски прваци, беа перфектни и имаа одлични голмани. Ние игравме статично, предвидливо и победникот е заслужен. Знаеме која селекција е фаворит во групата и ние шанса ќе бараме на наредните натпревари. Мислам дека против Македонија не може полошо од ова. Верувам дека ќе бидеме подобри. Ќе видиме како ќе мине мечот на Македонија со Словенија, но знаеме дека за нас тој меч е најважен на турнирот“ , изјави црногорскиот предводник.

Најдобриот црногорски стрелец и поранешен ас на Металург, Липовина беше и повеќе од разочаран на официјалната прес-конференција.

„Мислам дека против Македонија не може полошо од ова. Верувам дека ќе бидеме подобри. Ќе видиме како ќе мине мечот на Македонија со Словенија, но знаеме дека за нас тој меч е најважен на турнирот“.

Во вториот меч од групата играат Македонија и Словенија, а следниот меч за Црногорците ќе биде оној за два дена против избраниците на Раул Гонзалез.