„Фуријата“ ја декласира Чешка со 17 разлика!

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Еден од фаворитите за висок пласман, Шпанија на Жорди Рибера, со лесна победа ги започна натпреварите во рамките на групата Д на Европското првенство во Вараждин. „Црвената фурија“ ја однесе Чешка и ја декласира со 32-15 (16-9). Овој пораз на Чесите е втор најубедив во историјата на континенталните собири. 

Толку беа посилни Шпанците што вториот дел беше целосно неинтересен. Најефикасни поединци во победничкиот тим беа Ентериос, Ривера и Соле со по пет гола, а кај Чешка прво име беше Каспарек со пет гола. 

Во вториот дуел од вараждинската група, вечерва се среќаваат Данска и Унгарија.