Французите ги обединија титулите, Норвешка двапати поразена во финалните натпревари

Gol.mk на СП ракомет жени 2017 во Хамбург

Францускиот ракомет оствари несекојдневен успех, откако во една година стана светски првак и во машка и во женска конкуренција. Во Париз во јануари оваа година, момците на Дидие Динар станаа светски прваци со победата против Норвешка.

Ако тој резултат е очекуван, подвигот на женската селекција вечерва во Хамбург е многу потежок дел од работата. Победена е Норвешка во меч со тактичка перфекција. Првпат светот на ракометот има светски првак и во машка и во женска конкуренција, а да доаѓа од една земја. Франција ја продлабочи доминацијата, а Карабатиќ и Дембеле ги подигнаа шампионските пехари.

Следната цел е можноста да освојат и европска круна. Ракометарите на Динар во јануари во Хрватска како први фаворити ќе тргнат на континенталниот собир, а ракометарките следниот декември на домашен терен ќе се борат за златото.