Франција го слави Гигу, светскиот првак со пресврт ја совлада Норвешка

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Во реприза од финалето на последното Светско првенство во Франција, светскиот првак во драматичен дуел игран во преполната сала во Пореч ја совлада жилавата Норвешка со 32-31 (15-17) и запиша значајни бодови во групата Ц. 

Француската зона 5-1 и голманот Џерард одлично отворија и „галските петли“ на селекторот Динар брзо дојдоа до +2. Погодуваа крилата, лидерот Карабатиќ, па дури Дипанда. Но, по тајм-аутот на Берге, Норвешка се разгоропади, Тонесен ја поведе серијата од 4-1 и светксиот вицешампион поведе со 10-12 во 21. минута. 

Бергеруд и неговите одбрани го окарактеризираа финишот на првиот дел, на на полувреме Норвежаните заминаа со предност од 15-17. Играта со празен гол им се одби од глава на Динар и Јоханесон и Бјорнсен погодија за +3. Џерард одбрани зицер и Мае во контра погоди за само -1 за „триколорите“. Кога Мае погоди од седмерец, на шест минури до крајот Франција израмни на 28-28. По половина час водство на Скандинавците, Франција поведе на една минута до крајот со голот на Абало. Норвешка возврати преку Тонесен, а Гигу со победнички гол од крилна позиција на 15 секунди до крајот на Франција и подари значајна победа од 32-31. 

Најефикасни поединци во француската селекција беа Мае со осум и Гигу со пет гола, а во таборот на селекторот Берге отксокнаа Тонесен со осум и Мирол со осум гола.