Фан-зоната подготвена - Македонците се собираат во клубот „Роко“ утре од 15.00 часот

Gol.mk на СП ракомет 2018 во Хрватска

Македонските навивачи веќе пристигнуваат во Загреб, а кулминацијата се очекува утре преку ден кога ќе биде отворена и фан-зоната, која традиционално ги собира сите македонски навивачи кои дојдоа да го бодрат националниот тим.

Утре од 15.00 часот во клубот „Роко“ на Јарунска 5 во Загреб, ќе биде отворен просторот за дружење на македонските фанови. Се предвидуваат најмалку 2.000 македонски навивачи за дуелот со Словенија, која исто така ќе има голема поддршка од трибините.

Фан-зоната ќе биде отворена на денот на натпреварите во групата во Загреб, навивачите ќе можат да се дружат, да ја подгреваат атмосферата, да наздрават со пиво и да ги пеат македонски навивачки песни. Предвидена е македонска музика во живо во клубот за време на секојдневната забава.

Исто така дружбата е предвидено да продолжи по натпреварите, каде ќе се делат импресиите од македонските изданија на Европкото првенство.