Еуфорија меѓу француските медиуми: Нант го купи ракометниот Меси

Барселона и Нант на своите официјални медиуми ја објавија веста дека Кире Лазаров од следната сезона ќе настапува во Франција. Спортските медиуми ширум Франција ја преплавија јавноста со веста за трансферот на Македонецот во Нант.

Некои од нив го споредија Лазаров со Меси и трансферот како најголемо богатство за францускиот шампионат. Специјализираните медиуми за ракомет со денови најавуваа премин на Лазаров во Франција, но до официјализацијата сите гледаа со резерва на можноста ѕвездата на Барселона да заигра во Нант..

Еуфоријата сигурно ќе биде поголема на официјалната презентација на Лазаров во Нант.