ЕП: Македонија во групата 3 заедно со Србија, Шведска и победникот од квалификациската група А

Македонската женска ракометна репрезентација ги доби противниците за квалификацискиот турнир за Европското првенство 2018 година. На денешната ждрепка одржана во Париз, нашите репрезентативки беа извлечени во групата 3 заедно со победникот од квалифкациската група А, соседна Србија и Шведска.

  • ГРУПА 1: Швајцарија, Украина, Хрватска, Норвешка
  • ГРУПА 2: Италија, Словачка, Полска, Црна Гора
  • ГРУПА 3: победникот од квалификациската група А, Македонија, Србија, Шведска
  • ГРУПА 4:Португалија, Австрија, Русија, Романија
  • ГРУПА 5: Исланд, Словенија, Чешка, Данска
  • ГРУПА 6: Литванија, Турција, Германија, Шпанија
  • ГРУПА 7: победникот од квалификациската група Б, Белорусија, Унгарија, Холандија

Натпреварите од фазата на квалификациите ќе се одиграат во следните термини:

Натпревари 1 и 2: среда 27 септември до недела 1 октомври 2017
Натпревари 3 и 4: среда 21 до недела 25 март 2018
Натпревари 5 и 6: среда 30 мај до недела 3 јуни 2018

Место на континенталниот собир ќе обезбедат првите две репрезентации од секоја од седумте групи, како и најдобарата третпласирана екипа. Последниот патник на ЕП е домаќинот Франција, која обезбеди директен пласман.

Ракометното првенство ќе се одигра од 30 ноември до 16 декември 2018 година, а градови домаќини ќе бидат Нанси, Нант, Монтбелард, Брест и Париз.