ВИДЕО: Двата одбранети зицери на Арпад Штербик најдоа место во ТОП 5 одбрани на колото во ЛШ

Арпад Штербик

Европскиот првак Вардар ја прекина лошата серија на гостувањата во Загреб во рамки од Лигата на шампионите и го победи ППД Загреб (23-29) за шеста сезонска победа и потврда на првото место во групата А.

Еден од најзаслужните за овој триумф, покрај одличната игра во одбраната, беше голманот Арпад Штербик, кој беше нерешлива енигма за хрватскиот претставник.

Искусниот 37-годишен чувар на мрежата на вардарци уште еднаш докажа дека се наоѓа во врвот на голманските имиња со две вонсериски одбрани во дуелите со Контрец и Вуглач.