Червар пресече: Митревски, Пешевски и Арнаудовски на трибини против Тунис

Селекторот на машката ракометна селекција на Македонија, Лино Червар пред неколку моменти го соопшти списокот од 16 ракометари, со кои утре ќе се спротиставиме на Тунис на стартот од Светското првенство (СП).

За утрешниот меч Червар одлучи дека не му се потребни голманот Никола Митревски, кој по вторпат е избришан од списокот, кружниот напаѓач Жарко Пешевски и искусниот лев бек Ристо Арнаудовски.

Утрешниот меч со Тунис, прв на Мундијалот во Франција за нас во Мец како што е познато се игра со почеток од 17.45. часот.